Француска компанија осудена поради самоубиства на вработени

Француската компанија за интернет и телекомуникации „Оранж“ е прогласена за виновна поради низата самоубиства на работниците кои настанале како резултат на процесот на приватизација на компанијата на крајот на 2000 година.

Судот во Париз пресудил казна во висина од 75.000 евра, а поранешниот директор, Дидие Ломбар е осуден на четири месеци затвор и наложено му е да плати казна од 15.000 евра.

Останатите раководители исто така се осудени на затвор и на илјадници евра парична казна. Одлуката за тоа дали компанијата ќе мора да плати оштета од два милиони евра, сеуште е во исчекување, пренесува „Асошиејтед Прес“.

Случајот се фокусира на обид на компанијата да укине 22.000 работни места и да прераспредели уште 10.000 за да ја прилагоди конкуренцијата во приватниот сектор, користејќи „патогени“ методи на реструктуирање.

Во земјата во која работниците уживаат силна заштита од законите за труд, синдикатите тврделе дека раководството изнаоѓало начини како да ги поттикне рабодниците да ги напуштат своите работи или да ја прифатат прераспределбата, пишува „Ројтерс“.

Обвинителите набројале најмалку 18 самоубиства и 13 обиди за самоубиства, во периодот меѓу април 2008 и јуни 2010 година. Според податоците на синдикатот, еден вработен се прободел во стомак за време на состанок со персоналот, а една жена се фрлила низ прозор.

Раководителите на компанијата не сакале да превземат одговорност за самоубиствата на луѓето кои не ги познавале, но судот пресудил дка тие и компанијата се виновни за колективното и морално вознемирување.

„Оранж“ е прва голема компанија во Франција на која и било судено за вакви обвинувања и ова судење би можело да создаде правен преседан. „Оранж“ и понатаму е доминантна француска телефонска компанија и работи во 26 земји ширум Европа, Блискиот Исток и Африка.

 

 

 

Scroll to Top