Френк Синатра, Абба и текила – Скопска летна ноќ за паметење во Ибни Пајко

Со музика од Френк Синатра, Тина Тарнер, Јуроп и Џипси Кингс, Градскиот дувачки оркестар на Скопје вчера одржа концерт за паметење во паркот „Ибни Пајко“. Концертот го почнаа со најголемите хитови на АББА – Dancing Queen, Mama Mia, Fernando и The Winner Takes it All, а завршија со „Маљицики“ од Идоли.

Публиката, во паркот спроти Филхармонија и МНТ, стана и заигра уште на првата песна. Аплаудираа по секој отсвирен рефрен. Уживаа во ритамот на денс музиката, самбата и рокенролот. Подеднакво се забавуваа и возрасните, но и децата. Шизеа на Bamboleо, Proud Mary, Brazil Samba, позната како Tekila.

Иако забавата траеше само 45 минути, оти дувачите не можат да свират многу долго, оркестарот ги рамрда и расположи скопјани во жешката летна ноќ. На крајот најавија нов концерт, на отворено, во септември.

Фото/текст: Редакција Репортер

 

Scroll to Top