Швајцарските истражители веруваат дека оваа огромна количина пари, која го затнала одводот во банката и на три угледни ресторани, дојде од еден приватен сеф на швајцарска банка, а сефот го користела неименувана Шпанка.
Нејзиниот адвокат се појавил во локалната полициска станица за да понуди пари за покривање на трошоците на водоинсталатерските работи во банката и трите ресторани, но не објасни зошто парите биле фрлени во веце-школката.
Полицијата првин го повика келнерот од пицеријата „Ду Молард“ кога персоналот открил дека машкиот тоалет бил затнат со искинати книжни пари во апоени од 500 евра, кои завршиле во канализациските цевки.
Уништувањето пари во Швајцарија само по себе не е казниво дело, но истражителите во Женева, сеедно, и понатаму го истражуваат случајот поради сомнителните околности.