Четиринаесет фудбалери на „Пелистер“ се затруле со храна во ресторан во Велес. Тие со исти симптоми и нагон за повраќање биле примени во инфективното одделение при општата болница во Велес.
Екипи на Државниот санитарен инспекторат, заедно со претставници на Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство беа на терен. Се вршат проверки во ресторанот каде што ручале фудбалерите на битолски „Пелистер“, пред натпреварот кој што требаше попладнево да го одиграат со Шкупи.