(Галерија) Airbnb ја изнајмува куќата од хорор-филмот „Вресок“ за Ноќта на вештерките

Airbnb им нуди уникатна можност на сите фанови на култниот хорор-серијал „Вресок“ да преспијат во популарната куќа сместена во Томалес, Калифорнија, за Ноќта на вештерките.

Куќата ќе може да ја изнајмат ограничен број гости, кои ќе бидат пречекани од виртуелниот домаќин Дејвид Аркет, кој го толкуваше ликот на Двајт Дуи Рајли во серијалот.

Четири лица ќе имаат можност да престојуваат во оваа куќа на една ноќ во термините од 27, 29 и 31 октомври. Тие ќе може да почнат да се пријавуваат од 12 октомври, а резервацијата чини 5 долари.

„Заштитата на градот Вудсборо е моја должност, а сигурно развив способност да му побегнам на Гостфејс“, стои во соопштението на Рајли.

Oние што ќе успеат да ја резервираат куќата ќе може да ги гледаат cите четири филма од серијалот, а ќе добијат и награди, како ДВД-изданија на „Вресок“, постери и други сувенири.

„Како ваш домаќин, ќе ги набљудувам сите гости и ќе внимавам да не ве изненадат некои неочекувани посетители“, вели тој.


Scroll to Top