(Галерија) Елегантни дрвени патеки за секој двор

By

Дрвото претставува најсестран материјал за градење и декор на ентериерот и екстериерот.

Тој е природен материјал, еколошко решение и естетски прифатлив начин на декорација. Нашата денешна тема нè води во дворот околу нас, украсен со дрво. Природните дрвени патеки во дворовите изгледаат многу елегантно, а како доста благодарен материјал за употреба, дрвото ви нуди бројни можности за облекување и стилизирање на просторот со кој располагате.

Доколку водите сметка за одржувањето на вашите дрвени патеки во дворот, тие можат да ви послужат повеќе години. Со својот шармантен изглед, тие го заокружуваат изгледот на вашиот двор давајќи му совршена форма.

Пред да започнете со авантурата во изработка на дрвени патеки во својот двор, осознајте го своето окружување. Доколку сакате градина со модерен стил, тогаш ви е потребно мазно и минималистички средено дрво. Патеката можете дополнително да ја обогатите со ЛЕД-светилки, како и бели камења или ситни камчиња.

Доколку вашата градина сакате да е во рустичен стил, можностите ви се бројни – од патека со бел премаз која изгледа фантастично, до грубо обработени дрва чии прстени се гледаат и кои не се перфектно поредени во низа. Бидете внимателни со поставувањето на дрвената патека доколку е влажно тлото на кое сакате да ја поставите. Во тој поглед, ќе ви биде потребна метална конструкција или добра дренажа за штиците да не изгнијат.

Комбинацијата на дрвени штици и камења во сите облици и величини е пожелна за добивање прекрасен изглед на дворот. За вашата дрвена патека да изгледа поприродно, крај неа пожелно е да посадите некое убаво цвеќе или грмушка.

Ќе ви се допадне