На интернет се појавија фотографии од еден од првите каталози на компанијата за облека „Вартекс“ од Вараждин. Каталогот датира од 1966 година, но тој не бил само за разгледување туку и за нарачки. Истовремено е обид на „Вартекс“ да започне продажба преку телефон.
Според каталогот, „Вартекс“ ги плаќал поштарината и патните трошоци за испорака на нарачаната облека.
На крајот од 1966 година (каталогот важел од октомври 1966 до крајот на јануари 1967 година) курсот на динарот е 3,13 динари за 1 германска марка, или 12,5 динари за 1 американски долар.
Според бројките од српскиот Завод за статистика, тогашната просечна плата во Србија била околу 650 динари.