“Балкан Гала Фестивал“ во Битола ги собра македонските и пејачите од странство, кој придружувани од Камерниот оркестар направија незаборавна ноќ. Како што пренесе Битола Њус, најтоплата вечер ова лето во Битола не ги спречи битолчани да уживаат во прекрасните песни на македонските пејачи, но и на црнгорскиот пејач Сергеј Ќетковиќ и Хари Варешеновиќ од БиХ, кој беа придружувани од Камеренот оркестар од Битола. Диригираше Владимир Димовски.
Втората фестивалска вечер на “Балкан Гала Фестивал“ , на Ракометното игралише, почна со Мијата, а по неа следуваше Димитар Ангеловски и Ѓоко Танески, Дарио и Елена Ристевска . Сергеј Ќетковиќ беше сам изненаден колку битолчани ги знаат неговите песни, а на крај на концертот се појави и Хари Варешановиќ, фронтмен на групата “Хари Мата Хари“ кој го доведе расположението и атмосферата до максимум.
Кулминација на вечерта беше изведбата на песната “Битола мој роден крај“ кој заедно ја испееја сите .
Утре е третата фестивалска вечер, Електро Симфонија, а ќе настапи специјален гостин, ди-џеј Terry Francis од Велика Британија, кој е прогласениот за најдобар ди -џеј, како и Saso Recyd и Sonja Ismail.