(Галерија) Светска журка на Бродот на среќата во Скопје

На Бродот на среќата во Скопје неодамна се одржа журка по теркот на светските забави. Гостите можеа да уживаат во музиката на нашите најпознати диџеи, Галоски, Гоце Саф и Даки и Конга. Забавата беше замислена како патување на три локации – Берлин, Барселона и Ибица, па гостите можеа да пробаат автентични јадења од овие региони.

„Јегер забавата“ почна со Берлин – во овој дел од вечерта доминираше андерграунд хип-хоп музиката на Гоце Саф. Втората станица беше Барселона. Тогаш сѐ беше во знакот на латино музиката со диеј Даки и Конга. Гостите ги забавуваа и танчерки кои играа во латино стил. Забавата ја достигна својата кулминација на третата станица, Ибица, а за светската журка се погрижи диџеј Галоски. За гостите имаше многу изненадувања – интересни тетоважи, чаши со фотографии и подароци.

Scroll to Top