(Галерија) Жена се породи над Атлантикот додека летала од Истанбул за Чикаго, а папочната врвца ја прескол пилотот

By

Жена од Мароко се породила во авион, за време на нејзиниот лет со „Туркиш ерлајнс“ кој траел 11 часа. Таа со нејзиниот сопруг и три деца патувала од Истанбул за Чикаго, а се породила додека летале над Атланскиот океан на надморска височина од 10.000 метри.

dobivaj vesti na viber

Тие решиле да ризикуваат и да заминат за САД, во последниот месец од бременоста. Капетанот на авионот, Гулдерен Догу, морал да побара помош од патниците, а за среќа меѓу нив бил неврохирург од Истанбул кој ја породил. Честа да ја скине папочната врвца ја имал капетанот Догу.

Тој им честитал на родителите кои го добиле вториот син, Алмахди. На крајот екипажот се сликал а фотографиите велат дека ги зачувале како сувенир со новиот „слеп патник“, кој им се појавил во авионот. По слетувањето мајката и бебето биле веднаш однесени во болница. 

 

 

Ќе ви се допадне