Ѓаволската библија стара 800 години не покажува знаци на стареење

By
Легендата вели дека овој средновековен ракопис настанал од пактот со ѓаволот; јазикот во него е латински и напишан е на почетокот на 13 век.

dobivaj vesti na viber

Codex Gigas, односно Циганскиот кодекс, познат како и Ѓаволска библија, е најголем, најубав и веројатно најчуден ракопис не само во Европа туку и во светот. Но, она што е уште поневеројатно во целата приказна за оваа книга е тоа што таа не покажува знаци на стареење.

Ѓаволската библија е толку голема и обемна што се тврди дека биле потребни 160 животински кожи за да биде напишана и дека биле потребни двајца луѓе за воопшто да може да се подигне. Долга е околу еден метар.

Настанала од пактот со ѓаволот

Легендата вели дека овој средновековен ракопис настанал од пактот со ѓаволот; јазикот во неа е латински и напишан е на почетокот на 13 век и според тоа не се знае кое е неговото географско потекло, а се верува дека во прашање е сега веќе уништен чешки бенедиктински манастир во Подлажица.

Приказната вели дека го изградил еден монах, а тоа современите испитувања и го потврдија; се зборува исто така дека е во прашање монах кој е осуден на смрт така што е жив заѕидан, како и дека го напишал во текот на само една ноќ со помош на ѓаволот. Современите испитувања, сепак, покажуваат дека работел на него во период од безмалку три децении, веројатно од каењето поради некој реален и замислен грев.

„Национална географија“ тврди дека би било потребно една личност да работи на него пет години дење и ноќе непрекинато за да може да ја одмора раката. Ако на сето тоа се додаде и илустрацијата и дневните обврски што сите монаси во манастирот ги имале, ќе се дојде до гореспоменатата цифра од речиси три децении. И покрај тоа, делото покажува знаци на неверојатна униформност од почетокот до крајот поради што веројатно и настанала легендата за тоа дека е завршено во период од само една ноќ.

Донела пропаст и болест 

Prizor iz Codex Gigasa, Đavolje Biblije. Foto: Wikipedia Commons/Xlboy

 

Легендата исто така вели дека Ѓаволската библија им донела пропаст и болест на сите што ја поседувале во текот на историјата, но Националната библиотека во Стокхолм, каде што се наоѓа, откако Швеѓаните ја украла од Прага во текот на седумгодишната војна, изгледа е имуна на оваа клетва.

Книгата е преполна со илустрација на ѓаволот

Во ракописот се наоѓаат и многу други помали текстови кои се занимаваат со истерување на ѓаволот, магични формули, слики од небескиот град и илустрација на Сатаната преку цели страници, што воедно е и причина поради што целото дело во минатото се гледало како ѓаволска работа.

Opčinjavajuća ilustracija Satane iz Đavolje Biblije, odnosno Codex Gigasa. Foto: Wikipedia Commons/Weaverbard

Инаку, многу внимание привлекува и фактот дека страницата на која се наоѓа илустрацијата на ѓаволот (како и околните страници во помала мера) изгледаат запалено, како некој да ги загорел. На ова во минатото му се придавало големо значење и земено е како доказ дека претставува ѓаволска работа, се верувало дека самиот ѓавол е во неа и дека тој ја запалил, но објаснувањето е многу пологично. Имено, оваа илустрација отсекогаш привлекувала најмногу внимание и најчесто книгата е отворена баш на ова место поради што едноставно избледела од светлото во текот на вековите.

Во Codex Gigasy се наоѓа комплетната Vulgata, латинска Библија, како и пет други текстови кои почнуваат со Стариот завет а продолжуваат со „Еврејските старини“, дело на Јосиф Флавио, потоа „Енциклопедијата етимологија“ на Исидор од Севилја, па збирката на медицински дела на Хипокрит, Теофил и други, конечно Новиот завет и на крајот „Бохемиската хроника“ на Козма од Прага.

Погледнете го видеото:

Ќе ви се допадне

go88 b52 đăng nhập go88 bằng facebook cách nạp tiền go88

SUNWIN - Nhà Cái Game Bài Uy Tín Nhất Thị Trường 2022 sunwin club apk sunwin apk 2022