Германска банка ги заменила SWIFT-трансакциите со блокхаин

„Битбонд“, германска онлајн-банка, одлучила да почне да го користи биткоинот за интернационални позајмици на пари.

Овој сервис дозволува претприемачите, кои своите производи ги продаваат онлајн, да даваат заеми во висина до 50 000 евра.

Ако е за верување на статистиката што оваа банка ја објавува, досега има позајмено повеќе од 10 милиони долари со помош на овој систем.

„Битбонд“ е лансиран во 2013 година и во Германија е регистриран како финансиска институција во 2016 година.

Оваа банка сега го користи биткоинот за да спроведе интернационален трансфер на пари.

Позајмените пари на клиентите им се испраќаат со помош на биткоин блокхаин, а кога трансакцијата ќе се изврши, биткоинот се префрла во валута во земјата од каде што е клиентот.

Користењето на биткоинот за позајмици е многу побрз и поевтин процес во споредба со другите методи што банките ги користат.

Во моментов, најголемиот број банки се потпираат на SWIFT-мрежата за да спроведат интернационални трансакции, но овој систем има неколку маани.

Клиентите плаќаат по неколку надоместоци за секоја извршена трансакција, а и самиот SWIFT не овозможува пренос на пари, туку само безбедна комуникација за плаќање меѓу банките.

Во време на лансирањето, SWIFT вовел револуција во интернационалните трансакции со своите SWIFT-кодови, кои трансакциите ги направиле безбедни и брзи.

Постои ветување дека блокхаин технологијата овие процеси ќе ги направи уште побрзи.

Всушност, Ripple протоколот за трансакции, кој е поврзан со третата најголема криптовалута Ripple, развиен е како блокхаин базирана алтернатива на SWIFT-сервисот.

Трансакциите со криптовалутите можат да бидат објавени во секунда и тоа без никакви надоместоци. Постои само еден посредник кој се плаќа, а тоа се рударите кои ја потврдуваат трансакцијата.

 

 

 

 

Scroll to Top