Денес е проблем што ваквото производство на гориво, какво што го практикуваме ние, е многу поскапо од цената на истото гориво што можеме да го продадеме на пазарот. Со евтина струја, горивото наречено „е-Fuel 1“ чини околу 1,5 евра, а тоа значи дека е многу поскапо од керозинот и тоа без данокот.
Роланд вели дека во институтот KIT се одвиваат цела низа нови процеси кои од воздухот го извлекуваат јаглерод диоксидот, како што се издувните гасови при моментите на согорување на фосилните горива или од индустриските процеси и повторно се користат за правење нови производи или трајно се уништуваат и закопуваат под земја.
Оваа постапка е наречена CCUS Carbon Capture, Utilization and Storage.
Според мислењето на Меѓународната агенција за енергија, CCUS е едно од ретките технолошки решенија кои може да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид од термоелектраните и во хемиската индустрија или при производството на цемент. Ако се сака да се осварат целите за заштита на климата, до 2040 година со помош на CCUS може да се намали емитувањето на јаглендиоксидот за седум проценти.
Тоа не е само еколошка нужност, туку има и голем економски потенцијал. Консултантското претпријатие Boston Consulting Group ја проценува вредноста на CCUS само во идните десет години на 90 милијарди долари. Иако CCUS технологијата постои веќе 40 години, таа до сега не била користена од технички и економски причини.
Тоа наскоро би можело да се промени, проценуваат во BCG. Горивото кое ќе се добие може да помогне во голем број економски гранки, а сега истото може да се создаде преку обновливи извори. Научниците велат дека јаглеродот диоксид се смета за природна состојка на воздухот (C02) која во овој момент ја има во големи количини.
„Дојче веле“ пишува дека јаглеродот диоксид е најголемиот предизвикувач на климатските промени и за повторно да се загрее Земјината атмосфера, треба да се намали количината на јаглерод диоксид во атмосферата. Ова го имаат договорено и светските лидери на состанокот во Париз во 2015 година.
Од тогаш емитувањето на CO2 не е променето. Тоа продолжува да расте и понатаму. Земјите од групата Г-20 не се во можност да ги остварат зацртаните цели, велат експертите. Ниту Германија, една од поразвиените економии, не може да ги оствари предвидувањата до 2020 година и да го намали емитувањето на јаглерод диоксид за 40%.