Германскиот министер за земјоделство, кој е вегетаријанец, им порача на сите да јадат помалку месо поради војната во Украина

Германскиот министер за земјоделство, Џем Оздемир, им порача на сите граѓани во земјата да јадат помалку месо поради проблемите со увозот на намирници, кои настанаа од санкциите кои ѝ ги воведоа на Русија.

Еден од главните проблеми за Германија откако ѝ воведе санкции на Русија е цената на гасот, а сè поголем проблем стана и цената на различниот број на намирници. Овој проблем е забележан во голем број земји на западна Европа во последниот период и ќе биде потребна сериозна стратегија за на кризата да ѝ се застане на патот, пренесе „Новости“.

Германскиот министер за земјоделство, политичар кој инаку се залага за веганство и намалување на консумацијата на месо, како стратегија во борбата против можната глад, предложи намалување на консумацијата на месо, нагласувајќи дека тоа би бил и добар одговор за Русија, земја без чиј увоз не можат да опстанат.

Министерот им порача на сите Германци да јадат помалку месо и што помалку да фрлаат храна за да придонесат во борбата против Русија, која залихите со храна, која вообичаено би ги извезувала ако не беше под санкции, ги користи како оружје, повикувајќи се на руската извозна моќ во Европа.

„Без разлика на тоа што сум вегетаријанец, нема да ве убедувам и вие да станете вегетаријанци. Но, ајде вака да ги поставиме работите. Намалената консумација на месо ќе придонесе во борбата против Путин“, рече тој одговарајќи на прашањата на новинарите дали Германија ќе мора да ја зголеми распределбата на житариците од германско производство за јавна потрошувачка.

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев го коментираше неговиот апел, исмејувајќи ја намерата да ги промени животните навики на Германците и на тој начин да ја порази Русија и руското раководство.

„Доле месо и колбаси“, напиша Медведев исмејувајќи го овој предлог.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова исто така ја коментираше оваа стратегија.

„Штета што тука запре. Германците ќе мора сепак помалку и да дишат за да придонесат во борбата против загадувањето на животната средина, но и во борбата против Русија“, рече Захарова и со тоа ја објасни бесмисленоста на ваквите апели и ваквото раководење со кризата.

.

 

Scroll to Top