ГЕРМАНЦИ ВО РЕДОВИТЕ НА ПАРТИЗАНИТЕ – Некои ги користат за доказ на соработката на окупаторот со комунистите

By
На крајот на јули 1941 година, капларот Аугуст Хелер, борецот на Вермахт, мина во редовите на српските партизани. Својот живот го даде за нашата слобода на 5 октомври кај Краљево. Не беше единствениот: Подолг е списокот на германски дезертери кои се бореле во стројот на Народноослободителната војска.

dobivaj vesti na viber

Во јули месец 1941 година, еден борец од редовите на Вермахт – од окупационите сили во поголемиот дел на некогашното Кралство Југославија – капларот по име Аугуст Хелер, одлучил да ја промени страната. Срцто никогаш не му било на страната на Хитлер, но зошто тогаш би се борел за неговата злосторничка фантазија?

Можеби Хелер одлуката ја донел претходно, штом стапнал на земјата на овие простори, можеби чекал да види што се случува и на кого да пристапи, но секако му станало јасно која војска ќе претрча на 7 јули, кога во Србија на крајот изби востание.

И така Аугуст преминал во редот на партизаните, во редовите на Љубичкиот баталјон, на Чачанскиот партизнаски одред. Беше дезертер и сеуште не ја имаше променето својата униформа кога настана фотографијата на врвот на овој текст.

Хелер во редот на партизаните не останал предолго: загинал на 5 октомври во Сирчи, кај Краљево, заедно со уште четворица борци во моментите на опсада на тој град кој бил под окупација.

Не бил тој единствениот, не бил осамен случај. Во редовите на VI баталјон на Првата пролетерска бригада се борел со берлинскиот студент Андреас Келер. Фриц Кон,кој стигнал во Југпславија пред војната, бил офицер на Народноослободителната војска на Југославија.

Вилхелм Виеле преминал прво во италијанските партизани, за да потоа стигне во Југославија, каде се борел против своите сонародници, задоени со нацистичката идеологија и два пати бил одликуван за храброст.

На територијата на денешна Хрватска, околу Слатинскиот Дреновец (кој административно припаѓа на Вировитичко-поравската општина), дури постоеле и партизански чети составени само од Германци, точно седумнаесет. Вкупно неколку стотина дезертери од Вермахт, се бореле во редовите на партизаните за време на Втората светска војна.

 

Тие луѓе од своите соборци не се нарекувани по вистинските имиња, па дури ни по презимиња, туку биле нарекувани Фриц или Ханс, или Андреас, за да во случајот на фаќање, ги заштитат нивните семејства во Германија.

Идентификувањето на сите тие, во денешен ден е невозможно.

„Се сеќавам на нашиот другар Јоган. Неговото само презиме, за жал, го заборавив. Но, тој беше Германец со кој се борев против Јастрепчана. Како припадник на фашистичката војска, дојде во Југославија. Но, во нашите редови, се бореше против фашистите“, се сеќава подоцна еден постар партизан.

 

Ова беше општо познато во поранешна Југославија, и фотографиите како што е таа на врвот на текстот често беа објавени во разни публикации, а за тоа можете да прочитате во германската книга „Германци со Титовите партизани 1941-1945“ (германски Deutsche bei Titos Partisanen 1941-1945), на 53 и 202 страна. Книгата можете да ја пронајдете на следниот линк.

Тоа, сепак, некои луѓе денеска не ги спречува Германците кои се бореле против фашистичкиот окупатор, па дури и умирале за нашата слобода, да го користат како доказ тоа дека комунистите соработувале со окупаторот. На вас е да изберете во што ќе верувате: во вистината, или во…

Ќе ви се допадне

game bài go88 lỗi rút tiền go88 không rút được tiền từ go88

tải sunwin online sunwin live sunwin game tài xỉu