Главниот пекар на Титаник бил премногу пијан за да смрзне во океанот

Чарлс Џоугин бил човекот кој работел како пекар на Титаник. Тој ноќта на 14 април 1912 година, кога се случила најголемата трагедија во Атланскиот океан, потонувањето на бродот, бил доволно присебен да се погрижи за сите кои се спасиле во чамците за спасување, добијат доволно залихи на леб.

Кога се случил сударот на Титаник со сантата мраз, Чарлс забележал паника кај неговите вработени во кујната. Неговата одлична снаодливост и функционалност под притисок, била клучна за добрата организација меѓу него и луѓето со кои работел.

Тој веднаш им наредил на пекарите да однесат 50 вреќи леб до патниците кои чекале за да се спасат во чамците за спасување. Во тие моменти на целосна паника и хаос, додела ледената вода почнала да го потопува бродот, Чарлс останал смирен. Им дал упатства на пекарите, а потоа се вратил во својата кабина каде почнал да пие алкохол.

Уште од својата младост Чарлс го сакал морето. Прв пат го видел кога имал 11 години. Следејќи го примерот на неговите браќа, тој пристапил во британската Кралска морнарица. Роден е во Биркенхед, а неговата добра кариера на море го довела до важна позиција на Титаник. Поточно до позицијата главен пекар.

Во моментите кога тргнал да се спасува и да влезе во еден од чамците, тој своето место го отстапил на жените и децата и се вратил во својата кабина. Во моментите кога го испил целиот алкохол кој го имал во кабината, бродот веќе бил речиси целосно потопен.

Титаник во тие моменти почнал да се издигнува на едната страна, а сите чамци за спасување веќе биле во морето. Чарлс и покрај огромната паника меѓу патниците, тој останал мирен. Почнал да ги фрла лежалките во океанот за оние кои не имале среќа да влезат во чамците да можат да се фатат за нешто и останат на површината.

Чарлс останал на Титаник и во моментите кога бродот, кој неможејќи да го издржи притисокот на задниот дел, се скршил на два дела. Титаник почнал да тоне и додека Чарлс сеуште бил на него.

На крајот успеал да ја преживее несреќата. На истражителите подоцна им раскажал дека успеал да го стегне каишот и да ги премести сите стини работите кои ги имал во едниот од џебовите и на тој начин да остане да лебди над водата. Благодарение на тоа што бил ѝ вешт пливач, успеал да се одржи на површината на Атланскиот океан, низ целата ноќ.

Во еден момент се наошол меѓу преполнетите чамци. Неможејќи да се качи, еден од патниците цело време го држел за рака. Пред самата зора, се нашол еден од чамците на кои имало место. Преживеаните од Титаник, биле спасени подоцна од бродот Карпатија. Чарлс на крајот завршил без никакви повреди иако со часов минал во студената вода.

Чарлс признал дека големите количини алкохол кој ги испил таа ноќ, го спасиле од замрзнување. Студот вели речи дека не го ни почувствувал.

Просто кажано бил премногу пијан за да умре. Повеќето луѓе кои ја преживеале таа ноќ, во која загинале повеќе од 1500 луѓе, никогаш повеќе не се качиле на брод. Но, не и храбриот пекар Чарлс. Тој им се приклучил подоцна на трговската морнарица и продолжл да работи. Учествувал во двете светски војни, а починал во 1956 година на 78 годишна возраст.

 

 

Scroll to Top