„Го гледате ли човекот зад мене? Цел ден ми поставува вакви прашања“ – Внимавајте

Хејли Оскар се сончала, кога човек на 40-годишна возраст и пришол.

Човекот се обидувал да започне разговор за нејзините тетоважи, додека упадливо гледал во нејзиниот задник

-„Тоа не е најлошиот дел. Неколку пати го замолив да се оддалечи од мене, стоеше на аголот за совршено да види како изгледа моето тело и поставуваше најчудни можни прашања, како „дали имам пријатели“, кж„каде се“, „каде живеам“ и во кое средно училиште сум одела“ – напишала Хејли на Фејсбук.

Во оваа непријатна ситуација и помогнала нејзината другарка, која во тој момент и се јавила на телефон, а кога Хејли започнала да раскажува што и се случило, човекот избегал.

-„Тврди дека е од Вокиган и дека е сам на езеро. Англискиот му е многу лош и 99 проценти сум сигурна дека сакаше да ме киднапира и од мене да направи проститука, штом поставуваше вакви прашања. Секако дека не му одговорив, но премногу бев исплашена да станам и да одам до автомобилот за да не почне да ме следи.“ – напишала Хејли и предупредила:

-„Девојки, ве молам внимавајте. Каде и да одите сами, обавезно јавете на блиските луѓе каде сте и носете некое средство за самоодбрана. Никогаш во животот не сум се почувствувала така ранливо како денес.“ – порачува Хејли.

Scroll to Top