Го најдов телефонот на човекот од мојот живот – Тогаш почувствав како нешто се излива по моето тело

By

Ова е исповед на 19 годишната Милица од Белград, која како што и самата напишала во солзи го испратила мејлот до медиумите за да може да ја сподели нејзината приказна со јавноста.

„На Пиво фест одам секоја година со друштво. Го сакам тој фестивал, затоа што е еден од симболите на мојот Белград. Не ми беше важна музиката, само дружењето. Многу наши спомени не поврзуваат за тие денови во август, па сакаме да ја испочитуваме таа манифестација, што би рекол нашиот народ“.

Се собра маса народ после 20 часот да го слушна Ван Гог. Додека одевме кон бината во полусушената трева забелжав мобилен телефон. Му беше напукнат екранот. Го земав и проверив дали работи. Работеше.

На сликата имаше совршени стомачни и оформено тело од некој маж. Одлучив да го свртам последниот број, за да го вратам телефонот на сопственикот.

Од друга страна слушнав совршен машки глас – знаете оној глас за кој сте сонувале дека сте ги гледале оние тинејџерски серии… Беше трезен и совршено љубезен. Ми рече дека сум и ѕвонел не неговата сестра, на која последен и свртел затоа што требало да се најде со неа. Некој го турнал додека брзал низ гужвата и не приметил дека телефонот му испаднал.

Рече дека ќе дојде по мобилниот, без разлика каде се наоѓам. Рече дека ќе ми донесе пиво. Ми рече дека гласот ми е прекрасен, и дека би сакал да се подружиме по концертот.

Бев возбудена како никогаш во животот, бев убедена дека тоа е „љубов на прв глас“, „чувство“… Никогаш во животот не сум се чувствувала така. Ми беше малку срам. Ставив сјај на устата, ја зачешлав косата и се оддалечив од екипата неколку метри.

Тогаш ги видов се „сестра му“, која буквално му беше обесена на вратот. Помислив, баш некоја чудна сестра.

Се вика Михаило. Имаше 21 гдина, студира стоматологија и ја имаше најубавата насмевка на светот. Колку сум само глупа и неоправданољубоморана си помислив. Ме бакна во образ и ми даде пиво со необичен вкус. Ме повика да дојдам со него и да слушам музика.

И некаде додека танцувавме, почна да ме бакнува. Тоа беше најубавиот бакнеж во мојот живот. Не знам колку траеше, а јас посакав да трае засекогаш. Тогаш почувствувам како нешто ледено се излива по мојата глава и тело.

 

Беше пиво! Некој ме погоди со пиво, каков баксуз сум јас!

По две секунди сватив дека тоа беше неговата девојка, инаку позната и прекрасна манекекна ме поли цели две полни чаши пиво.

Се испостави дека немаше поим дека ќе биде тука.

И наместо тој да ме одбрани, да се извини, ме оттурна и се стрча кон неа. Неговото друштво ме гледаше како дебил.

Повеќе не отидов на Пиво фест, ниту пларнирам да одам. Всушнсот, не знам дали некогаш ќе отидам таму. Премногу глупа испаднав.

 

Ќе ви се допадне