Откако во 2011 година бил осуден за убиство на жена му, Даглас Стјуарт на полицијата им понудил во замена за Xbox конзола за играње да ја открие локацијата каде го сокрил телото, за да може да се врати во затвор и да игра.
Како што пишува „Мирор“, полицијата тогаш не успеала да го пронајде телото на убиената жена, но Стјуарт во 2011 година е осуден на казна затвор и сега се наоѓа во специјализирана стамбена единица во американскиот затвор во Мичиген каде затворениците имаат право слободното време да го користат за играње.
Минатата недела, Стјуарт ги одвел истражителите во шумасто подрачје, во Вакешма Тауншип во Каламазу. Локација која се наоѓала во близина на местото на убиството. Даглас сопругата ја убл во домот на нејзините родители.
На локацијата, истражителите откриле сина церада и телото на Венус кое било закопано во дупка длабока околу 150 сантиметри. Сега службите работат на идентификација на телото.
Обвинителот Џон Мекдоноу изјавил дека Стјуард не покажувал никакви емоции, туку само истражителите ладно ги однел до местото каде се наоѓало телото на неговата поранешна сопруга.
Иако по исчезнувањето на Венус полицијата многупати го пребарала подрачјето, таа никогаш не го прегледала тоа специфично место каде Стјуард ја однел.
Венус исчзнала на 26 април 2010 година, од домот на своите родители во Колон Тауншип, каде се преселила откако го напуштила Стјуард.
За време на судењето, обвинителите и рекле дека Стјуард ја намамил Венус до поштенското сандаче со изговор дека добила пакет. Откако излегла надвор, никогаш повеќе не е видена жива.
Според зборовите на обвинителот, Xbox нема да биде споен со интернет. Во затворот околу 140 затвореници имаат пристап за користење на конзоли, а дневно можат да играат 30 минути некаква спортска игра.
Веќе се одвивал процесот за набавка на конзола, но службите го забрзале, со цел да му помогнат на семејството на жртвата.