Го преживеал погубувањето

Дојл Ли Хам (61), затвореник од Алабама, ја преживеал извршената смртна казна. Неговиот адвокат вели дека Хам претрпел силна болка додека службениците безуспешно се обидувале да му ја пронајдат вената во која требало да го боцнат со смртоносната инјекција.

Адвокатот тврди дека неговиот клиент безуспешно го боделе во ципите, зглобовите и во долниот дел на ногата. Поради тоа, погубувањето било одложено.

Хам се борел со лимфом, а требало да биде погубен во четвртокот поради убиството на Патрик Канингем во 1987 година. Погубувањето било прекинато во 23.30 часот затоа што е заклучено дека не можат да му ја најдат вената и дека погубувањето нема да може да биде извршено пред рокот, кој било до полноќ.

„Тие се однесувале како месари, мојот клиент претрпел страшна болка“, тврди адвокатот Бернард Харкурт.

Хам е осуден пред 31 година затоа што во текот на вооружениот грабеж го убил Патрик Канингем, кој работел ноќна смена во мотелот. Хам ѝ признал сѐ на полицијата кога двајца од неговите помошници сведочеле против него во замена за помала казна. Бернард Харкурт по одложеното погубување, објавил фотографија со братот на Ли.

 

Џенифер Елис, германска адвокатка, објаснила дека постои можност затвореникот повторно да биде погубен во случај да го преживее првото погубување.

„Државата ќе бара право повторно да се спроведе погубувањето, а адвокатот ќе тврди дека тоа би било сурово и невообичаено. Сето тоа може да заврши на крајот пред судот, кој ќе треба да пресече. Без оглед на одлуката на судот, личноста во никој случај не може да биде ослободена. Ако судот одлучи дека смее да живее, смртната казна ќе се преименува во доживотна робија“, вели Елис.

 

Scroll to Top