Го тужела симфонискиот оркестар поради ниската плата

By

Главната флејтистка на Бостонскиот симфониски оркестар го тужела својот работодавец поради дискриминирачкото постапување, затоа што и исплаќал пониска плата отколку на машките колеги.

dobivaj vesti na viber

Елизабет Роу, флејтистката на престижниот Бостонски симфониски оркестар од 2004 година, тврди дека е помалку платена од машките колеги кои свират обоа, труба, виолина и рог.

Во тужбата која ја поднесе оваа недела, од оркугот Сафолк во Масачусетс, таа бара повеќе од 200.000 долари поради разликите во платите. Управата на оркестарот засега не реагирала.

Тужбата пристигнала во време кога движењето „MeToo“, предупредило на големите разлики во платите меѓу мажите и жените во светот на шоу бизнисот.

Во март компанијата која ја продуцирала серијата „Круна“, морала да се извини откако се дознало дека актерката Клер Фои, која ја глуми кралицата Елизабета Втора, била помалку платена од актерката Мет Смит, кој го глумел нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Државата Масачусетс во 2016 година, усвоила посебен строг закон во поглед на дискриминацијата на платите.

 

 

Ќе ви се допадне

go88 âu mỹ go88 không vào được https tải go88vn

https://sunwin.fan/