Го тужеле „Гугл“ и добиле речиси 3 милијарди долари

Брачна двојка од Британија, Ана и Шифон Раф, одлучила да ја тужи компанијата „Гугл“ и успеала да добие на суд отштета од речиси 3 милијарди долари.

Тие го тужеле „Гугл“ пред Европската комисија за заштита на конкуренцијата затоа што компанијата наводно ја загрозила работата на пребарувачите што тие ги иницирале.

Имено, брачната двојка во 2005 година ги напуштила своите дополнтелни активности и ја основала интернет-страницата за пребарување Faundem, која ја осмислиле така што стигнале до некои делови на интернетот до кои „Гугл“ не можел да дојде.

Но, набргу забележале дека „Гугл“ ги ставил на црната листа и дека преку овој пребарувач било невозможно идните корисници да дојдат до нивните интернет-страници.

Се жалеле на „Гугл“, но не добиле никаков одговор. Набргу биле прогласени за најголема конкуренција на „Гугл“ во Велика Британија, но ниту тоа не помогнало.

По поминати години на поднесување жалби, „Гугл“ ги тргнал од црната листа и веднаш посетата на интернет-страницата им скокнала речиси 10.000 пати. Но, не сакале да се задоволат со тоа.

Ја тужеле компанијата до Европската комисија и судијата Маргарет Вестаџер пресудила во нивна корист поради тоа што „Гугл“ ја злоупотребил својата предност на пазарот. Поради тоа, „Гугл“ морало да им исплати 2,1 милијарди фунти.

 

 

Scroll to Top