Го застрелал берберот затоа што не му се допаднала фризурата на синот

By

Полицијата во Тексас трага по човек кој застрелал бербер, затоа што му направил лоша фрзира на неговиот тринаесетгодишен син. На осомничениот по кого трага полицијата, не му се допаднал новиот имиџ на неговото дете, па решил да се пресмета со фризерот.

Детективот кој го води случајот, Валас Вајат, изјавил дека пукањето настанало откако претходно двајцата мажи вербално се расправале.

„Прво осомничениот си заминал со синот дома, а потоа се вратиле да се пресметаат со него. Берберот се обидел да му ја поправи фризурата на неговиот син, за без да им наплати, но тогаш настанала кавгата“, изјавил Вајат.

„Ова е една од најлошите расправии за која сум слушнал. Особено затоа што инцидентот се случил пред момчето. Фризерот веројатно ќе преживее. Тој во моментов се наоѓа во болница и е во стабилна состојба“, вели Вајат.

Од канцеларијата на шерифот, соопштиле дека во моментов трагаат по осомничениот.

 

 

Ќе ви се допадне