Горили се заразиле од корона во зоолошка во Сан Диего

By

Неколку горили во зоолошката градина во Сан Диего се заразени со коронавирус, пренесуваат светските медиуми. Извршната директорка на паркот, Лиса Питерсон, изјавила дка осум горили кои живеат заедно во паркот биле заразени со ковид.

Кај неколку од нив е забележана кашлица. Се претпоставува дека инфекцијата дошла од некои од вработените во зоолошката градина, кои исто така биле позитивни на коронавирусот, но спаѓаат во асимптоматски случаи.

Ветераните внимателно ја следат состојбата на горилите, пренесуваат медиумите. Животните ќе останат во своите кафези, објаснила Питерсон. Уште некои животни претходно добиле корона, како тигрите, но се верува дека ова е првпат да се заразат горилите.
„Ова се диви животни, кои имаат свои сопствени механизми на одбрана и тие се лечат поинаку од нас. Сега во фокус ни е да ги одржиме здрави и живи“, додала Питерсон.

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven my anime heaven: Watch Black Clover: The All Magic Knights Thanksgiving Festa Episode Full (https://animeheaven.pro/m/znw2/ep-1)

WCOStream wcostream dragon ball z: Hunter x Hunter (Dub) Episode 148