Градинката во Волково e избрана за најуспешно архитектонско дело во 2021

„Детската градинка Волково“ во Скопје, проект на Филип Конески и Даница Спасевска, е избрана за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година. По тој повод, претстедателот Стево Пендаровски им ја врачи Големата годишна награда за архитектура.

Наградата е во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а претседателот е покровител на традиционалната манифестација.

Тој ја објави веста на својот официјален профил на Фејсбук.

„рхитектурата ги спојува човековиот порив за создавање, но и за естетизирање на просторот. Тоа е и начин на осмислување на човековиот живот и обезбедување континуитет и траење низ времето“, напиша тој.

Пендаровски, пак, во своето обраќање говореше за критериумите и различните аспекти кои ги опкружуваат архитектите денес, соочени со предизвикот да реализираат успешно и естетско дело кое ќе му пркоси на забот на времето и ќе ја има во себе премисата, градба по мерка на човекот.

„Македонските архитекти често се соочуваат и со дополнителни предизвици – со барањата на инвеститорите, со апетитите на урбаната мафија или, како што имавме ситуација во време на едноумието, а и до пред некоја година, да треба да задоволуваат небулозни идеолошко-политички барања“, рече претседателот Пендаровски.

Тој исто така ја нагласи и потребата од овозможување услови архитектурата да ја исполнува својата примарна цел и да го облагородува просторот, но и нашите животи.

„Затоа, како заедница сме обврзани да придонесеме за творечката слобода и за професионалниот интегритет на македонските архитекти“, рече Пендаровски.

Scroll to Top