Градоначалникот на Јоханесбург во Јужна Африка загина во сообраќајна несреќа

Градоначалникот на градот Јоханесбург во Јужна Африка, Џолиде Матонго, загина во сообраќајна несреќа. Матонго загина на 46 години, пренесува Би-би-си. Сликите кои ги објавија медиумите покажуваат дека целиот преден дел на неговиот автомобил бил уништен.

Претседателот на земјата, Сирил Рамафоза, му оддаде почит. Матонго ја водеше кампањата за него, пред да се случи сообраќајката.

Тој стана градоначалник од неодамна, од 10 август, по смртта на неговиот претходник, кој почина од Ковид-19. Локалните медиуми известија дека тој бил син на мигрант од Зимбабве и дека од 13. година се борел против апартхејд.

 

 

 

Scroll to Top