Извештајот рангираше 140 градови во светот според стабилноста, здравствената заштита, културните содржини, заштита на средината, образованието и инфраструктурата.
Мелбурн, вториот најголем австралиски град и главен град на државата Викторија и ги доби најголемите оценки за здравствена заштита, образование и инфраструктура.
Градоначалникот Роберт Дојл изјави дека станува збор за голем успех на кои сите граѓани треба да се горди, но и напомена дека тоа не значи дека градот е совршен.
„Ќе продолжиме многу да работиме секој ден, за да Мелбурн биде уште подобар и за да создадеме правда, безбедност и силна држава за сите нејзините граѓани“, изјави премиерот Даниел Андрјус.
Сиднеј, најголемиот австралиски град, поради заканите од тероризам и втора година по ред, не влезе во првите десет, и се наоѓа на 11 место на пописот.
Меѓу најлошите градови за живеење на светот се Дамаск, Лагос во Нигерија, Триполи, Дака и Порт Моресби на Папуи Нова Гвинеја.