Граѓаните на Онтарио од оваа година ќе го празнуваат роденденот на Никола Тесла

Граѓаните на Онтарио од оваа година ќе го празнуваат роденденот на Никола Тесла, пишуваат светските медиуми. Десетти јули, кога се родил големиот научник стана и официјален празник во канадската провинција.

Одлуката била донесена на иницијатива на членовите на локалниот парламент од редовите на Новата демократска партија на Том Ракочевиќ.

Законот го потпишале и претставници на британската кралица Елизабета и заменик-гувернерот на Онтарио, Елизабет Доудсвел. Во Законот било објаснето дека станува збор за српско-американски пронаоѓач и инженер.

Исто така се потсетува дека патентите на Тесла биле основа за изградба на првата светска хидроелектрана на Нијагара и дека по 25 години, сите населени места во Јужна Онтарија добиле струја.

Scroll to Top