Најстара жена на светот е Гркинката Катерина Карнару од грчкиот остров Пелопонез, која има 112 години. Таа стана најстара жена на светот откако пред неколку дена почина Јапонката Наби Таџима, на 117 години.
„Имаше многу тажни моменти во мојот живот. Мојот сопруг почина, а и моите деца, додека беа млади. За среќа, имам прекрасни роднини. Мојот син беше капетан во морнарицата. Штом отиде во пензија, изгради куќа во Атина. Но, бргу потоа почина и не стигна да ужива во неа“, раскажала старицата во интервју за грчките медиум.
Според официјални документи, Карнару е родена на 25 јули 1905 година, а летово ќе наполни 113 години.