Тренерот на децата од ФК „Јагодина“ од Србија бил погоден од гром на градскиот стадион. Во моментот кога го удрил громот, лицето С.П. (31) имало тренинг со децата од клубот.
Како што пренесува порталот centralmedia.rs од Јагодина, во незгодата нема повредени меѓу децата. .
„По громот, почна хистеријата, децата избегаа кај своите родители, а двајца здравствени работници му укажаа прва помош на тренерот, кој лежеше неподвижен на теренот. Мислам дека успеаја да го вратат тренерот од бесвест, а потоа дојде и брзата помош“, изјавиле родителите на децата за порталот.
По укажаната прва помош, тренерот бил пренесен во Општата болница во Јагодина, а според шефот на Службата за итни случаи при Општата болница, Владимир Недељковиќ, лекарите се борат за неговиот живот.
„Пациентот е на апарат за дишење, правиме сè што можеме“, рече Недељковиќ.