Незапаметена трагедија се случи во Уганда, кога гром усмрти 10 деца кои играле фудбал на отоврен терен во градот Аруа.
Покрај децата кои настрадале, уште 4 други биле повредени, пренесува „Гардијан“. Кога почнале грмотевиците децата кои биле на возраст од 9 и 16 години, се сокриле под импровизирано засолниште од слама.
„Децата играа фудбал кога почна бурата и грмотевиците“, навеле од полицијата и додале дека уште четири други биле повредени.
Во Уганда ударите од гром се појавуваат во текот на сезоната на дожд, а се случувало гром да удри и во училници во кои учеле децата, особено во руралните средини, затоа што објектите немаат громобранови.
Властите веќе некое време апелираат на школите да се инсталираат громобранови, особено затоа што игралиштата и фудбалските терени се во нивна близина.