Хајди успеала да преживее благодарение на тоа што не го послушала советот на лекарите

By

Британката Хајди Спенс успеала да преживее и покрај тоа што лекарите од клиниката NHS ѝ откриле 25 тумори во нејзиниот мозок, пишува британски „Сан“. Докторите ѝ понудиле да биде изложена на хемотерапија која ќе 1 го продолжела животот од шест до дванаесет месеци. Сепак, Хајди не се откажала во пронаоѓањето на лекот.

dobivaj vesti na viber

Хајди, која е мајка на две деца, седумгодишниот Вилијам и четиригодишниот Луис, успеала на интернет да пронајде лек чиј ефект се забележал по само три месеци. Мозочните тумори исчезнале, а оние кои ѝ биле откриени во нејзините коски значително се намалиле.

„Ако ги послушав советите од лекарите и нивниот стандарден метод на лекување, сега ќе бев мртва“, изјавила Хајди.

Нејзиниот кошмар почнал минатата година на Денот на мајката кога нејзината десна нога се вкочанила. Направените тестови откриле дека Хајди имала рак на белите дробови, кои подоцна се проширил на нејзиниот мозок и коски.

Откако 1 било соопштено дека има уште 6 до 12 месеци живот, таа преку интернет открила фондација и тестови кои чинеле 3000 фунти. Хајди успеала да се избори за бесплатен третман во центарот во Витингтон во Манчестер.

„Мојот живот го должам на овие тестови и тоа што не дозволив да го послушам советот на докторите“, изјавила Хајди, која живее со нејзиниот сопруг, инженерот Давид (39), и нејзините двајца синови.

 

 

 

 

 

 

Ќе ви се допадне