Хакери со часови пуштале порно во продавница за спорт

Хакери успеале да влезат во системот на јапонската спортска компанија „Асикс“ и да пуштат порно снимки на телевизорите на излогот во продавницата која се наоѓала во Окленд во Нов Зеланд.

Од компанијата се извиниле на сите кои се затекнале на местото на настанот во време кога биле прикажани навредливите содржини.

Филмовите за возрасни биле пуштени во неделата и траеле во текот на целата вечер. Вработените кои се појавиле на работа следното утро во 10 часот, веднаш реагирале и ги прекинале со емитувањето.

Во објавата на „Фејсбук“, од компанијата „Асикс“ напишале дека непозната личност успеала да го хакира нивниот систем во главната продавница во Окленд и да пушти снимките со еротска содржина.

„Работиме со нашите соработници за софтверот и онлајн безбедноста, за да се осигураме вакво нешто во иднина да не се повтори“, е напишано во изјавата пуштена во јавноста.

 

Scroll to Top