Хилари Клинтон изјави дека аферата на нејзиниот маж Бил Клинтон со Моника Левински додека работела како стажист во Белата куќа не било злоупотреба на моќ затоа што дваесет и двегодишната девојка во тоа време знаела што прави и била возрасна.
Исто така, Хилари изјави дека нејзиниот сопруг бил во право што не дал оставка во екот на скандалот, откако бил обвинет за лажење по повод аферата. На прашањето на новинарот на CBS Тони Докупил дали Бил требало да отстапи и дали тоа било злоупотреба на моќта, Хилари одлучно дала негативен одговор.
На коментарот на новинарот дека некои луѓе веруваат дека американскиот претседател не смеел да има врска со стажистка затоа што дисбалансот на моќ е преголем, поранешната државна секретарка навела дека Левински во тоа време била свесна за своите постапки.
„Дозволете ми да ве прашам каде се истрагите за моменталниот претседател, против кого постојат бројни тврдења што тој ги негира, отфрла и исмева?“, возврати Хилари.
„Бил тогаш беше под истрага и сè беше завршено и утврдено“, додала поранешниот државен секретар.
Ваквата изјава Хилари ја дала откако ги одбила обвинувањата против нејзиниот сопруг затоа што неговите постапки не биле сексуално вознемирување како оние на Трамп.
Клинтонови имаат намера сега да тргнат во заедничка турнеја, која би можела да предизвика отворање на прашањата за тоа низ што минале во минатото, обвинувањата против Бил и тврдењата за сексуалното вознемирување во 1998 година.
Во 1999 година Сенатот го обвини Бил Клинтон и тој беше кривично гонет поради мешање во истрагата за аферата. Сенаторката на демократите во Њујорк, Кристен Гилибранд, минатата година изрази мислење дека поранешниот претседател би требало да отстапи поради аферата. Бил Клинтон претходно оваа година изјави дека не се согласува со неа.