Хокинг не верувал ниту во Господ, ниту во живот по смртта

Познатиот физичар Стивен Хокинг пред смртта снимил порака за светот што е пуштена на промоцијата на неговата книга „Кратки одговори на големи прашања“. Во неа Хокинг одговорил на 10-те најчести прашања што му биле поставувани.

„Нема Гопод ниту живот по тоа. А сигурно не постои рај“, рекол Хокинг, чиј прв брак се распаднал поради неговиот атеизам.

Хокинг во пораката навел дека образованието и науката се во опасност како никогаш претходно и дека човештвото нема почит кон научниците.

Пред смртта Хокинг одговорил на 10-те основни прашања што луѓето често му ги поставувале. Тие можат да се најдат во неговата последна книга „Кратки одговори на големи прашања“.

Дали постои Бог?

Не. Никој не управува со нашата вселена.

Како настанал целиот универзум?

Со голем удар и татнеж.

Што е црна дупка?

Паѓањето во црна дупка дефинитивно е лоша вест. Ако била ѕвездена црна дупка, би се претвориле во шпагети пред да дојдеме до хоризонтот.

Постои ли интелигентен живот во вселената?

Постојат облици на интелигентен живот горе. Мораме да бидеме внимателни во одговорите додека сè уште не ги развиеме.

Дали треба да ја колонизираме вселената?

Очекувам дека во идните стотина години ќе можеме да патуваме каде било во Сончевиот Систем.

Дали ќе нè надмудри вештачката интелегенција?

Вештачката интелегенција ќе биде многу добра во постигнувањето на целите, но ако тие цели не се усогласени со нашите, имаме проблем.

Како да ја обликуваме иднината?

Запомнете да гледате горе во ѕвездите, а не доле во своите стапала.

 

 

 

Scroll to Top