Холандски гинеколог оплодувал пациентки со својата сперма, најмалку 21 дете се негови

Гинекологот Џос Бик од Холандија користел своја спрема додека ги лечел пациентките од неплодност, па така зачнал 21 дете. Тој работел во болницата Елизабет во Лејдердорп, сега дел од болницата Алријн, помеѓу 1973 и 1998 година, но починал во 2019 година.

Една организација го открила скандалот, откако ги пронашла биолошките родители за овие родени по вештачко оплодување преку донаторска сперма открила совпаѓања помеѓу Бик и ДНК на 21 дете чии мајки биле пациентки на неговата клиника помеѓу 1973 и 1986 година.

Сите парови кои имале третман кај Бик верувале дека тој користи сперма од анонимни донатори за време на третманот, па затоа од болницата Алриен се сомневаат дека гинекологот бил искрен со своите пациенти.

„Се чини дека овој лекар донирал сопствена сперма и ја користел за оплодување пациентки кои очекувале третман со сперма од анонимни донатори.“, соопштуваат од болницата Алрин.

Тие додаваат дека сега ситуацијата е поинаква, бидејќи користат национални протоколи и работат според конзистентни и соодветни принципи. А ревизиите редовно ја контролираат нивната работа.

Според познатиот магазин Гардијан, Бик е третиот лекар за неплодност во Холандија за кој е откриено дека користел сопствена сперма за време на лекувањето на неплодност. Во октомври 2020 година, ДНК тестовите исто така го разоткриле гинекологот Јан Вајлдшут, кој починал во 2009 година. Тој е биолошки татко на 17 деца. Додека лани е разоткриен докторот Јан Карбаат, кој со сопствената сперма направил 49 деца.

Според законот што стапил на сила во 2004 година, луѓето во Холандија имаат право да го дознаат идентитетот на нивните биолошки родители откако ќе наполнат 16 години.

 

 

Scroll to Top