Јапонската автомобилска компанија „Хонда“ објави дека до 2021 година ќе престане да ги продава своите дизел-возила во Европа, а место нив на пазарот ќе ги понуди моделите на електричен погон.
Јапонците сакаат да ги електрификуваат сите свои автомобили на Стариот Континент до 2025 година, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Челниците во ЕУ се обврзаа до следната година да го намалат емитувањето на штетни гасови во атмосферата. Целта е да се намали емитувањето на CO2 во атмосферата на само 95 грама по минат километар.
Досега оваа бројка во просек изнесуваше 120,5 грама за поминат километар. „Хонда“ е уште една во низата на автомобилски компании кои го намалуваат производството на дизел-возила во согласност со строгите глобални прописи за емитување штетни гасови.