Хороскопски знаци зависни од секс

Ненаситни и страсни кога станува збор за водење љубов. Ова се трите хороскопски знаци што не можат да издржат подолг временски период без секс:

Близнаци

Тие се кралеви и кралици на фетишите. Тоа е сè што треба да знаете за нив. Силно страсните и перверзни Близнаци исто така и ретко се верни бидејќи имаат проблем да останат во подолга врска или брак. Нив, всушност, најмногу ги возбудуваат флертот и играта што води кон креветот каде што може да ги ослободат своите 50 нијанси ексцентричност да испливаат. Врзувањето премногу ги полудува, особено ако е присутна и трета личност. Тие обожаваат фантазии и секс преку телефон или покрај камера, а многу често имаат и своја приватна видеотека од секси филмови. Чувајте се од овој знак бидејќи тие се познати и како огромни заводници кои не се откажуваат лесно од својот плен.

Рак

Припадниците на овој знак се многу емотивни, но и страсни. Тие сметаат дека сексот е најдобар начин да се оствари блискост, па токму затоа и се многу отворени и либерални. Тие не се плашат искрено да го покажат своето интересирање и да предложат интимно запознавање. Помеѓу Раковите има најголем број сексуални зависници кои тешко се справуваат со својот проблем. Тие се многу незаситни и со нив дружењето може да трае цел ноќ. Ова уживање сигурно уште долго време ќе го помните.

Скорпија

Кога станува збор за љубов, страст и секс, Скорпиите секогаш го имаат главниот збор. Тие имаат алфа и омега-сексуални вештини, па токму затоа лесно ќе ве одведат во својот свет исполнет со фетиши. Познати како врвни љубовници, Скорпиите имаат неодолива моќ на привлечност и силно изразена аура со која може да ја привлечат буквално секоја личност, но и да ја натераат да игра по нивните правила. Ако случајно сте цел на Скорпија, имајте на ум дека е само прашање на време кога ќе паднете на нејзините трикови. Оваа ваша ноќна авантура ќе биде крунисана со најзабавниот секс што некогаш сте го имале. Тие многу сакаат секси долна облека, па ако сакате да ги заведете, знаете на која карта треба да играте.

Scroll to Top