Хвар вторпат е прогласен за најубав остров во Европа

By

Преку 600.000 читатели на магазинот Condé Nast Traveller го избраа хрватскиот остров Хвар за најубав остров во Европа. Хрватскиот остров вторпат ја доби оваа титула, откако беше прогласен за најубав и најдобар европски остров и во 2019 година.

Зад ова монденско летувалиште се најдоа грчките острови Миконос, Закинтос, португалска Мадеира и италијанска Искија.

Според написот објавен во Condé Nast Traveller, Хвар е одлична туристичка дестинација преку целата година поради топлите лета и благите зими. Тој е најсончевиот остров во Хрватска, со повеќе од 2.800 сончеви часа годишно.

Светски познатото списание во прилогот го нагласува и богатото историско наследство на Хвар.

„Тврдината Фортика е споменик на културата кој мора да се посети. Тука е и познатата жетва на хрватска лаванда, која станува една од главните карактеристики на островот во летните месеци“, пишува списанието.

Овој остров е познат и како свратилиште на светскиот џет-сет. Последниве години на Хвар летуваа актерите Шарлиз Терон и Нил Патрик Харис, но и кошаркарската легенда Меџик Џонсон, а секоја година на островот доаѓа и рускиот милијардер Роман Абрамович со својата јахта.

Првиот избор за најубави дестинации списанието Condé Nast Traveller го започна пред 21 година.

 

Ќе ви се допадне

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX Your Name.

Josee, the Tiger and the Fish Episode Full

Attack on Titan Season 3 (Dub)

ANIMEFLIX Redo of Healer

ANIMEFLIX Redo of Healer