И францускиот специјалитет „путин“ наиде на бојкот кај клиентите

Францускиот ресторан „Куќата на путин“ (La Maison de la Poutine), наиде на бојкот одстрана на клиентите, кои помислиле дека неговото име, а воедно и главниот специјалитет, биле инспирирани од рускиот претседател Владимир Путин.

Јадењето „путин“ е, всушност, пржени компирчиња со сирење и сос, коешто е особено популарно во Канада, но и Франција и на други места низ светов. Најверојатно, потекнува од 1950-тите или 60-тите, од франкофонски Квебек, Канада. И иако нема никаква врска со Владимир Путин, сепак неговото презиме ги доведе до забуна луѓето кои остро ги искритикуваа постапките на светските лидери.

Парискиот ресторан се соочи со низа критики и недоразбирања од јавноста, па така некои луѓе го навредувале „Мејзо де ла путин“, па дури и му се заканувале на ресторанот за истоименото јадење. Менаџментот на ресторанот испрати соопштение на Твитер, во кое објаснува дека залудно дошло до забуна.

„Затоа, се чини, неопходно е да се потсетиме дека ’Мејзо де ла путин‘ не е поврзан со рускиот режим и нивниот лидер. Фирмата, исто така, јасно ѝ дава поддршка на Украина и украинскиот народ кој храбро се бори за својата слобода против тиранскиот руски режим“, се вели во Твитер објавата на ресторанот.

Додека, пак, ресторан во Квебек, во меѓувреме, реши да го отстрани ова јадење од своето мени како начин на осуда кон рускиот претседател.

https://reporter.mk/gjuture/retsept-za-frantsuskiot-retsept-putin/

Scroll to Top