Потпретседателката на Иран, Масуме Ебтекар, е заразена со смртоносниот коронавирус.
„Потпретседателката Ебтекар во моментов е на домашно лекување, а поради преземените мерки на претпазливост, сите во нејзиниот кабинет се подложни на тестирање од коронавирус и в сабота ги очекуваме резултатите од тестирањето“, изјавила нејзината советничка Фариба Ибрихај.
Политичарката во средата била на состанок во владата и седела неколку метри подалеку од претседателот Хасан Рохани. Во Иран од последици на заразата од коронавирус починаа најмалку 26 лица, а заразени се 245 Иранци.
Меѓу заразените се и заменик-министерот за здравство, Ираџ Харирчи, парламентарниот пратеник Махмуд Садки и шефот на парламентарните комисии за национална безбедност и надворешни работи Мојтеб Занур.