Златан Ибрахимовиќ наскоро би требало да дојде до голем јубилеј. Да го постигне 500 гол во кариерата.
За него тоа било повод да го избере најубавиот гол кој го постигнал. Помеѓу големиот број на мајстории, Швеѓанецот се одлучил да го избере погодокот кој го постигна во дресот на Швеѓаните, во мечот против Англија.
Goal of the Day:
Zlatan Ibrahimovic vs England. #MUFC pic.twitter.com/GBfJ6jQ4Ek
— Alex (@SirAIexis) January 27, 2017
„Постигнав многу голови кој луѓето ќе ги паметат, но оној кој никогаш нема да го заборавам е голот против Англија кој го постигнав со ножички. Англичаните беа безобрани кон мене, но јас им подарив подарок за цел живот“, открива Ибра.
Спектакуларниот погодок Ибрахимовиќ го постигна во 2012 година со ножички од преку 40 метри.