Идеи за моминска вечер

Можеби моментално венчавките и лудите забави не се опција, сепак овие совети добро ќе ви дојдат порано или подоцна…

Изработите книга. Купете книга во која можете да пишувате, а на секоја пријателка на невестата дадете отстапете ѝ по една или повеќе страници за да ги пополни како што сака – преку цитати, спомени, фотографии, писма… Нека секоја дама го напише и својот омилен рецепт. Замотајте ја книгата и имате генијален подарок кој го разнежи и воодушеви секого.

Осмислете супер забавни аутфити. Нека тоа биде нешто кое ќе ве униформира како учеснички на истиот настан и нешто кое ќе зрачи со карактерот на невестата. На пример, доколку невестата има прекар, сите останати можете да носите маички со натпис „I ♥…“, ако нејзиниот избраник е пилот, тогаш останатите можете да бидете облечени како стјуардеси. Размислувајте за овие работи со кафе, и сигурно ќе дојдете до некои генијални идеи!

Заиграјте ја играта на погодување подароци. Секоја од поканетите нека купи некое секси парче долна облека, а невестата мора да погоди од кого е подарокот и да објасни зошто мисли така. И потрудете се да станува збор за навистина секси долна облека!

Држете се до базенот. Ако веќе останувате на моминска вечер во родниот град, потрудете се вашата посебна вечер навистина да изгледа како викендашко бегство. Препуштете си забава во некој хотел, покрај базен. Опуштете се во бикини, пијте коктели, масирајте се, пејте…

Квиз за младоженецот. Пред самата забава, нека секоја од поканетите смисли некое прашање за невестата кое би му го поставила на младоженецот. Соберете ги сите прашања и испратете му ги на младоженецот. Вклучете и секси прашања. На забавата, прочитајте ѝ ги прашањата на невестата, а таа нека се обиде да ги погоди неговите одговори. Кога ќе погреши, таа мора да пие, а кога ќе погоди мораат сите останати дами.

Секси вештини. Пријавете се себеси, невестата и останатите поканети на некој секси курс како танц во скут или танц на шипка. Мислете ли дека таквиот подарок е малку премногу? Одберете винска школа, на некој курс за правење сирење или некоја друга активност за која ќе бидете сигурни дека би ѝ се допаднала.

Пенис торта. Сепак е во прашање моминска вечер, нели? Ако сте доволно вешти, тортата во облик на пенис испечете ја сами, а ако сепак не сте сигурни колку добро би испаднала, нарачајте ја во некоја слаткарница или кај некои од одличните блогерки за храна.

Скеч со поранешните фраери. Поделете се во неколку групи. Едната група нека бидат поранешните дечковци, другата нека бидат секс за една вечер, третата никогаш прежалените фраери на кои невестата се палела. Секоја од вас нека одглуми некого, а невестата треба да погоди за кого станува збор.

Жешки предизвици. Нека секоја од вас смисли некој предизвик кого невестата мора да го исполни до крајот на вечерта. Почнете со благи, како на пример: мора да успее да добие пијалак од некој фраер во клубот, до оние нешто подивите. Колку предизвиците ќе бидат злобни, зависи само од вас.

Изнајмите некој луксузен превоз. Размислете во што вашата пријателка вистински би уживала и препуштете ѝ вожња за паметење. Без разлика дали е лимузина, секси кабриолет или шармантен олдтајмер во прашање, погрижете се за музиката и пијалаците и осигурете се дека моминската вечер изгледа како вистинска, (не)сериозна забава!

Scroll to Top