Илон Маск сака да им ја украде славата на вистинските херои на Тајланд?

Една од најсложените акции за спасување во историјата имаше среќна завршница и сите 12 момчиња и нивниот тренер беа безбедно извлечени од пештерата на Тајланд.

На крајот на целата оваа драма многумина се прашуваат што правел Илон Маск таму? Првиот човек на „Тесла и „Спејс X“ бил активен за време на целата операција на социјалните мрежи и постојано влегувал во командниот центар и ја нудел својата помош.

Некои поради тоа го фалат, но многумина го критикуваат и обвинуваат дека им пречи на спасувачите и ја користи ваквата тешка ситуација за своја самопромоција. Како и да е, помошта на Маск на Тајланд на крајот не била потребна. Изумителот и милијардер понуди специјално дизајнирана мини подморница која би можела да мине низ тесни и опасни премини. Сепак, командантот на операцијата ја одби неговата помош затоа што подморницата била целосно непрактична за мисијата за спасување.

Маск првпат се огласи пред шест дена на „Твитер“ преку видеопорака во која сугерирал дека би можел да им помогне на заробените деца. Тој веднаш ги повикал властите на Тајланд и им ја понудил помошта. За почеток ги испратил своите инженери специјалисти за дупчење, но тој негов план пропаднал поради технички проблеми.

Тогаш стигнала идејата да проба со детска подморница, односно дел од ракетата на SpejsX Falkon. Спасувачите веднаш предупредија дека подморницата може да ги блокира премините во дупката, но тој им порача дека ќе направи реплика од подморницата и ќе провери дали некаде таа ќе може да заглави.

Два дена Маск во пештерата ја испробувал подморницата, но таа сепак не била употребена. Милијардерот ја остави подморницата на Тајланд за секој случај ако им биде потребна.

Сите напори Илон Маск да им помогне на спасувачите во голем дел кај јавноста предизвикаа воодушевување, но голем број луѓе не се премногу сигурни во искреноста на неговите намери.

„Секој што барем малку познава географија и машинство знае дека подморницата на Маск е целосно неупотреблива за оваа мисија. Јас знам малку подобро затоа што студирав машинство. Но, тој од неа не сакал да се откаже до последен момент и светлото на рефлекторите го насочи кон себеси. Илон не си во право“, напишал Вишна Нарајан на „Твитер“, а со слично мислење е и Шон Лајтбрајн.

Just got back from Cave 3

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

„Чекајте, можно ли е Маск да се промовира на операцијата за спасување на децата!?“

„Зошто Илон Маск сака да им ја земе славата на храбрите спасувачи од Тајланд?“, прашува еден корисник во коментарите на социјалните мрежи.

„Илон Маск е вистински мајстор за самопромоција и тој сигурно знае како да се најде на насловните страници. Но, да бидеме искрени. Човекот се вклучи во операцијата дури кога армија фанови го молеле да помогне, а пред тоа воопшто не се огласуваше“, вели еден специјалист од Би-би-си за технологија, Рори Целан Џонс.

Scroll to Top