Илон Маск создаде мини подморница за спасување на децата на Тајланд

Милионерот Илон Маск на својот твитер-налог сподели фотографија и видеоснимка од метална подлога за која тврди дека би можела да помогне во спасувањето на групата момчиња што се заробени во пештера на Тајланд.

Маск во неделата вечерта изјави дека подморницата со големина на дете е на пат кон Тајланд и дека ќе стигне за 17 часа.

„Се надевам дека е корисно“, напишал тој и додал: „Ако не сега, можеби ќе се користи во некоја идна ситуација“.

Засега нема индиции дека ќе се користи ваквата подморница.

Четирите момчиња што веќе се спасени ги следеле елитните нуркачи што морале да стигнат до поплавените тунели преку тесни премини.

Снимките што се споделени на твитер-налогот на Макс покажуваат група што го тестира уредот во базенот во Лос Анџелес.

 

Scroll to Top