Илон Маск во јануари ќе ја лансира ракетата „Старшип“ во вселената

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, најави дека во јануари ќе го изведе првиот орбитален лет во вселената со ракетата „Старшип“. Летот ќе се изврши или на крајот на јануари или на почетокот на февруари, во зависност од тестирањата и одобрувањата на регулаторот, рече тој.

„Ќе направиме куп тестови во декември и се надеваме дека ќе може да полетаме во јануари“, рече Маск на состанокот на Одборот за вселенска студија на Националната академија на науките, инженерството и медицината, пренесе CNBC.

„Старшип“ е голема ракета од новата генерација, која ја развива компанијата „Спејс-икс“. Со неа може да се пренесе товат или да се испратат луѓе на некаква мисија на Месечината или на Марс. Компанијата на Маск ги тестира прототиповите во постројките во јужен Тексас.

Досега има направено неколку кратки пробни летови.

Scroll to Top