Илон Маск за два дена изгуби 50 милијарди долари

Основачот на „Тесла“, Илон Маск, за два дена изгубил 50 милијарди долари. Загубата е резултат на падот на акциите на „Тесла“ веќе втор ден по ред. Ова е најголемиот пад во историјата на индексот на милијардери „Блумберг“ и најголем еднодневен пад по падот од 36 милијарди долари на Џеф Безос по неговиот развод од Мекензи Скот во 2019 година.

Поразот на „Тесла“ доаѓа по лошите денови на продажба на електричните автомобили. Турбуленциите почнаа кога Маск ги праша своите обожаватели на „Твитер“ дали треба да продаде 10 % од својот удел во компанијата по што следуваше веста дека неговиот брат Кимбал ги продал акциите непосредно пред гласањето.

Некои од медиумите пренесоа дека Маск ги продал акциите со цел да покрие некои од личните долгови. Со ова тој ја зголеми разликата со Безос на листата на најбогати луѓе на светот за 83 милијарди долари.

Маск првпат во јануари го помина Безос на оваа листа, но јазот меѓу нив неодамна се зголеми за 143 милијарди долари, сума поголма од нето-вредноста на Бил Гејтс, четвртиот најбогат човек на светот.

 

Scroll to Top