„Имам многу пари што морам да ги споделам“, поранешната жена на Џеф Безос донира 6 милијарди долари

Осумнаесеттата најбогата личност во светот и косопственичка на компанијата „Амазон“, Мекензи Скот, оваа година донира вкупно шест милијарди долари на разни непрофитни организации, а не планира тука да прекине.

Мултимилијардерката, која е поранешна сопруга на Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, во последните четири месеци донирала повеќе од 4,2 милијарди долари на американски банки за храна и фондови за помош во итни случаи.

Оваа година Мекензи вкупно им помогнала на 380 добротворни организации, а размислува и за финансиска помош за уште 6.500 вакви организации. Кога ќе се соберат сите работи, во текот на 2020 година таа донирала речиси шест милијарди долари.

„Оваа пандемија им ги уништи животите на некои Американци, кои од претходно беа во тешка состојба. Економските загуби и здравствените исходи беа тешки за жените, луѓето што не се бели и луѓето што живеат во сиромаштија. Во меѓувреме, значително се зголеми богатството на милијардерите. Поседувам несразмерна количина пари што морам да ги поделам“, напишала таа на својот блог.

Безос оваа година донира вкупно 10 милијарди долари за иницијативи за климатски промени. Според индексот на „Блумберг“, богатството на Безос оваа година е зголемено за 70 милијарди долари и сега изнесува вкупно 185 милијарди долари.

Scroll to Top