Индиецот кој убил 70 загрозени бенгалски тигри е уапсен по 20 години потрага

Хабиб Талукдер (50), познат како Тигар Хабиб, е уапсен по 20 години потрага, затоа што убил 70 загрозени бенгалски тигри во Бангладеш. По него биле распишани три потерници.

Тој се сомничи дека ги убил тигрите во националниот парк Сундарбанс, на границата меѓу Индија и Бангладеш. Шефот на полицијата Сајдур Рахман објаснил дека Талукдер живеел во шумата и дека бегал кога полицијата ќе ја пребарувала таа област, пренесува Би-би-си.

Полицаецот Абдул Манан за локалните медиуми објаснил дека го барале Талукдер со години, но безуспешно.

„Тој влегувал во Сундарбанс, иако му било забрането да влегува во шумата и тука ги ловел животните. Ги изведувал тие криминални активности, иако против него постојат повеќе обвиненија“, изјавил Манан, истакнувајќи дека зад сето ова стојат и некои моќни банди.

Во Сундарбанс живее најбројната популација на бенгалски тигри, а во дивината останале само стотина. Нивните крзна, коски, па дури и месо се препродаваат на црниот пазар, ширум светот.

Бројот на бенгалски тигри во Бангладеш во 2018 година пораснал на 114, откако во 2015 година бил забележан рекордно низок број од 106 единки, додека во 2004 година имало 440.

Scroll to Top