Индијанскиот хороскоп е еден од најстарите. Според него, секој од нас има животно кое е негов заштитник. Како и стандардниот хороскоп и тој има 12 знаци.
Гуска (22 декември – 21 јануари)
Силните гуски се мирни, живеат во склад со природата и моралните вредности и остануваат верни на себе во текот на целиот живот. Тие се многу морални и одлучни личности, и најважни им се довербата и верноста. Можат да поднесат многу болка, но на нивното лице секогаш постои насмевка додека имаат вистинска љубов покрај себе.
Видра (22 јануари – 18 февруари)
Видрите се родени хуманитарци. Тие се топли, љубезни и милостиви. Не можат да поднесат кога луѓето патат и сакаат да им помогнат. Со својата милост можат да ги променат живототите на луѓето околу нив, но и лесно да направат некој да се заљуби во нив.
Волк (19 февруари – 20 март)
Многу независни личности со храбро срце. Тие се меѓу најпосветените, најдоверливите и најгрижливите личности. Многу интелигентни, но често и алчни. Или ќе ви веруваат целосно или ќе ве отфрлат од себе. Кај нив нема средина. Секогаш е сѐ или ништо.
Сокол (21 март – 19 април)
Соколите се личности кои се насочени кон иднината. Имаат отворено гледиште за животот и тешко да осудат некогаш некого за неговите сфаќања или начин на живот. Тие живеат многу слбоодно, но и заштитнички се настроени кон оние кои ги сакаат. Секогаш летаат високо, но со себе ги носат и тие што ги сакаат.
Дабар (20 април – 20 мај)
Овие личности се вредни сонувачи. Тие сакаат да ги градат нештата, без оглед на тоа дали станува за кариерата или пак туѓите пропаднати животи и соништа. Многу емпатија и нежност имаат во себе, но знаат да бидат и насилни ако некој им се заканува. Често поставуваат нови цели и принципи и сакаат да бидат креативци во животот.
Елен (21 мај – 20 јуни)
Родените во овој знак се многу затворени и интровертни. Тивки се и се држат на страна, дури и во своето друштво на луѓе кои добро ги познаваат. Знаат да бидат многу забавни, но често сакаат повеќе да поминуваат време во осаменост, а природата им е втор дом.
Клукајдрвец (21 јуни – 21 јули)
Клукајдрвците се одлучни, истрајни и полни со волја. Тие директно се движат кон целта, додека не постигнат успех. Нивната енергија е заразна и умеат да ги мотивираат другите. Не гледаат ништо освен целта во својот живот и не се смируваат додека соништата не им се исполнат како што замислиле.
Лосос (22 јули – 22 август)
Луѓето родени во овој знак пливаат против струите. Тие се родени бунтовници и секогаш се борат против неправдите. Го гледаат светот поинаку од другите и ги рушат сите трендови. Тие се тврдоглави личности кои живеат на импресивен начин. Сакаат со сета своја енергија.
Мечка (23 август – 22 септември)
Овие луѓе се страствени и лојални. Многу се заштитнички настроени, но не и посесивни. Нежни се кон оние кои ги пуштаат во својот живот, но умеат и да ги растргнат на парчиња оние кои ќе ги повредат своите сакани. Иако се смирени и топли, умеат да направат пекол од оние кои се бунат против нивниот авторитет.
Гавран (23 септември – 22 октомври)
Тивки, внимателни и таинствени по природа, гавраните знаат да бидат многу драги личности. Нивното гледање на светот сепак е многу мрачно. Обично не сакаат да ги повредат другите, но нивната комплицирана личност не е за секого. Мистериозни се по природа, многу затворени додека не најдат личност пред која ќе се отворат.
Змија (23 октомври – 21 ноември)
Змиите се многу инстинктивни и мистериозни по природа. Имаат емпатија во себе, но нивните чувства се цврсто заклучени. Умеат да се стават во туѓа кожа и да го видат светот низ туѓи очи. Тие се меѓу ретките кои сакаат да разбираат, отколку да критикуваат. Тие се вистинско богатство.
Був (22 ноември – 21 декември)
Овие личности се меѓу најмудрите и најталентираните личности на светот. Умеат да ги искористат своите шанси и да го извлечат најдоброто од светот. Таму каде другите гледаат мрак, тие гледаат нова шанса.